Услуги

  • Процена на
    • Недвижности
    • Транспортни средства
    • Машини и опрема
    • Подвижен имот
    • Трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица
    • Индустриска сопственост
    • Побарувања и обврски
    • Земјоделство
    • Информатичка технологија

     

    1. Како е дефинирана процената во Законот за проценка?

    Процена е процес на определување на цена, односно определување на пазарна вредност на предметот на процена, од овластен проценувач, во случаите определени со закон или по барање на заинтересирано лице- нарачател.

     

    1. Во кои случаи, според законот за процена се врши процена на вредност?

     

    Процената се врши во следниве случаи:

    -пренос на правото на сопственост,

    -определување на вредноста на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени,

    -стечајна постапка и ликвидација,

    -пребивање на побарување,

    -постапка за експропријација,

    -оданочување со даноци на имот,

    -инвеститорски консалтинг и

    -во други случаи предвидени со закон