Насловна

Почитувани,

МЕТОДА ПЛУС ДООЕЛ Кавадарци,согласно законот за проценка е друштво за вршење на проценаод  повеќе области за кои има добиено лиценци.

Основано е на 13.12.2012 година со основна дејност процена, согласно Законот за процена.

Тимот на  МЕТОДА ПЛУС ДООЕЛ Кавадарци е составен од искусни проценители со долгогодишно искуство во доменот на проценката.

МЕТОДА ПЛУС ДООЕЛ Кавадарци е едно од водечките друштва во Македонија со експертско знаење за давање професионални услуги во областа на:

Проценка на вредноста на основачки влог во компаниите, проценка на вредноста на самите компании, проценка на материјални и нематеријални средства, проценка на удели во извршна постапка, со цел за вреднување по фер вредност во согласност со Меѓународните стандарди за проценка (МСП), Меѓународните сметководствени стандарди (МРС) и Меѓународните стандарди на финансиско известување (МСФИ), како и домашните прописи.

Подготовка на проекти при анализи на финансиското работење на компаниите, изработка на развојни програми, бизнис планови, инвестициони програми, подготовка на дуе диллигенце програми.

Услуги при основање и промени кај компаниите, статусни промени на компаниите (спојување, присоединување, поделба) и други проекти во областа на трговското право.

Управител на МЕТОДА ПЛУС ДООЕЛ Кавадарци, кој го организира и координира целокупното работење на Друштвото, е Илија Митрев, со исклучително искуство од областа на подготвување и изработка на бизнис планови, инвестициони програми, анализа на финансиски извештаи, проценка на деловни субјекти, проценка на непарични средства и влогови.

Илија Митрев е Дипломиран Економист, со бројни усовршувања и едукации организирани од домашни и странски организации и стекнати  квалификации на: Овластен Проценител со 8 области; Овластен Ревизор, и  Стечаен Управник.

Александра Камчева е Дипломиран Економист состекнати квалификации за процена на Недвижен имот, Побарувања и Обврски и процена на вредноста на Трговски друштва, Јавни претпријатија и други правни лица.

Поседува квалификации за инвестиционен советник и особено професионално искуство во областа на сметководството, финансиите, изработка на развојни програми, бизнис планови, инвестициони програми